Без оглед на ставот на Сараево

Со свечено дефиле во Бања Лука се одбележа Денот на Република Српска

Денот на РС се одбележа и покрај одлуката на Уставниот суд на Босна и Херцеговина од 25 ноември со која се прогласи за неуставен Законот за празници на РС

Во понеделникот во ентитетот Република Српска во БиХ, со засилени мерки на безбедност, се одбележа Денот на РС, празник кој Иставниот суд на Босна и Херцеговина го прогласи за неуставен.

МВР на РС ги засили мерките на безбедност и ги повика граѓаните Денот на РС да го прослават мирно и достоинствено.

На подрачјето на градот Бања Лука вчера беше забранета употреба на беспилотни летала (дронови).

Утрото во Бања Лука беше одржана пригодна програма, а потоа на главниот плоштад беше организирана парада "25 години Република Српска".

Иако годинава, а по одлуката на Иставниот суд на БиХ, во официјалната програма не е планиран верски дел од прославата, а на поканите не се споменува "славата на РС Св. Стефан", патријархот српски Иринеј отслуЃи литургија во Хранот на Христос спасител.

На одбележувањето на Денот на РС беше најавено присуството на претседателот на Србија Томислав Николиќ, како и на владина делегација од Србија, но без премиерот Александар Вучиќ.

Уставниот суд на БиХ на 25 ноември 2015 година го оцени како неуставен делот од Законот за празници на РС и му нареди на Народното собрание на овој ентитет да ги измени спорните одредби, а парламентот на РС доби рок од шест месеци да го стори тоа.

Референдум за 9 јануари како Ден на РС беше одржан на 25 септември иако државниот Уставен суд изрече мерка за негова забрана. Уставниот суд исто така ги поништи и резултатите од референдумот.

Обвинителството на БиХ досега сослуша неколкумина актери на референдумот, најмногу членови на Комисијата за спроведување референдум, вклучително и претседателот на РС Милорад Додик а во рамките на истрагата во предмет кој се однесува на кривично дело неизвршување на одлука на Уставниот суд, односно незаконско организирање референдум.

Претседавачот на Претседателството на БиХ Младен Иваниќ изјави во неделата дека како член на Претседателството има право на почесна единица на Вооружените сили на БиХ како што беше и во неделата кога положи венци во рамки на активностите околу Денот на Република Српска, јави агенцијата Фена.

-Јас одлучив, а не тие, дека сакам да имам почесна единица и нивна обврска беше да ја исполнат мојата наредба. Многу јасно и свесно го правам тоа, затоа што сакам да покажам дека во оваа земја нема обиди некоју да биде дисциплиниран, рече Иваниќ и додаде дека ако некој за тоа сноси одговорност тогаш тоа е тој.

Претседавачот Иваниќ притоа прецизираше дека оваа почесна единица на Вооружените сили (Третиот пешадиски полк) нема да учествува на свечената смотра, но ќе биде присутна за да му дадат почест (рапорт) нему како на претседавач.

Припадниците на Третиот пешадиски полк се повлекоа од церемонијата откако му предадоа рапорт на Иваниќ, кој положи венци за паднатите борци на РС.

Иваниќ смета дека овој ден заслужува сите политички личности од српскиот народ, поради илјадниците загинати во војната, да изразат почит кон датумот и семејствата на загинатите.

Од Амабсадата на САД во Сраево изјавија дека непочитувањето на одлуките на Уставниот суд на БиХ ќе значи и кршење на правото, а оние кои тоа го прават мора за тоа и да одговараат.

Тие нагласуваат дека „тука не се работи за празници туку за владеење на правото". САД поддржуваат постоење и статус на РС и Федерацијата БиХ во рамки на суверена Босна и Херцеговина, како што е гарантирано со Дејтонскиот мировен договор, е став на Одделот за односи со јавноста на Амбасадата на САД. Истакнуваат дека е „неодговорно да се ставаат вооружените сили на БиХ во средиште на таква расправа".

Поврзани

Најнови вести

Коментари