Невидена зима

Снегот сè уште предизвикува проблеми во Грција

Ниските температури и обилните врнежи од снег, кои се невообичаени за Грција, се уште создаваат огромни проблеми во транспортот и во секојдевниот живот на луѓето во северниот дел од земјата

Ниските температури и обилните врнежи од снег, кои се невообичаени за Грција, се уште создаваат огромни проблеми во транспортот и во секојдевниот живот на луѓето во северниот дел од земјата.

И денеска во Солун паѓа снег, а температурата е четири степени под нулата. Летовите до и од аеродромот „Македонија" во моментов се одвиваат нормално, но многу летови вчера беа откажани поради обилните снежни врнежи.

За возилата кои се движат на регионалните патишта во северниот и северозападнит дел на Грција е задолжителна зимска опрема и синџири. Во северозападна Грција утрово се измерени и до минус 18 степени Целзиусови

Обилни снежни врнежи во моментов има и во централниот грчки град Лариса, каде температурата изнесува минус седум степени. Во Ламија снегот предизвика големи проблеми во сообаќајот, дури и на централните градски улици. Автобусите не возат, додека амбулантните и полициските возила мора да имаат синџири за снег за да се движат по градските улици.

Сообраќајот е забранет за камиони на автопатот Атина-Солун.

Во меѓувреме, островите Алонисос и Скопелос се уште се без електрична енергија и вода. Во некои делови на Алонисос паднале 2,5 метри снег, додека во Скопелос, по вчерашното невреме, паднал еден метар снег.

Поврзани

Најнови вести

Коментари