Многу погрешна порака

Словенија ја вади војската, контроверзен потег што може многумина да вознемири

Во четврток ќе се одржи затворена седница на словенечката парламентарна комисија за прашања поврзани со одбраната, за подготвеноста на војската да ја спроведе арбитражната пресуда за поморската граница со Хрватска

Затворената седница на словенечката парламентарна комисија за прашања поврзани со одбраната, за подготвеноста на војската да ја спроведе арбитражната пресуда за поморската граница со Хрватска, а која ја закажа претседателот на оваа комисија кој е од редот на опозицијата, сепак ќе се одржи.

Седницата ќе се одржи и покрај апелот од премиерот Миро Церар таа да се откаже затоа што е "целосно неумесна" тема која испраќа погрешни сигнали за Словенија која според зборовите на Церар, сака до примена на арбитражната одлука да дојде по мирен пат и политички средства.

Дека седницата нема да се откаже уште вчера потврди претседателот на комисијата Жан Махнич кој е од партијата на поранешниот премиер Јанез Јанша, СДС.

Одговарајќи на апелот од премиерот да ја откаже седницата закажана за в четврток попладне, Махнич на прес конференција рече дека такво нешто не очекувал од премиерот кој е експерт по уставно право и знае дека законодавната власт е независна и издвоена од извршната.

Махнич рече дека се чуди на овој апел од Церар и поради тоа што во екот на мигрантската кризна токму по инсистирање на Церар во законот за одбрана е внесен член според кој во кризни ситуации на полицијата може да и помага и војската.

-Затоа расправата за подготвеноста на војската за криза поради можната примена на арбитражната пресуда е сосема легитимна, рече Махнич.

Церар повтори дека е загрижен дека таквите комисиски расправи и споменувањето на воено решение испраќаат погрешни сигнали до меѓународната заедница за позицијата на Словенија во арбитражниот спор со Хрватска.

Како што јавија словенечките медиуми, седницата ќе ја бојкотираат пратениците од повеќе партии, меѓу кои и од онаа на премиерот Церар – Партијата на модерниот центар.

Од кабинетот на претседателот Борут Пахор во врска со контроверзната седница порачаа дека претседателот постојано истакнува дека арбитражната пресуда треба да се спроведе на мирен начин, но и дека не може да влиае врз пратениците да ја откажат седницата на оваа тема.

Поврзани

Најнови вести

Коментари