Словенечките разузнувачи започнаа штрајк за повисоки плати

Вработените во Словенечката разузнавачка агенција (СОВА) започнаа штрајк, барајќи повисоки плати и подобри работни услови.

Министерот за јавна администрација на Словенија, Борис Копривникар, изјави дека штрајкот е „вистинско изненадување“.

Копривникар потсети дека разузнавачите се должни да обезбедат основно функционирање на разузнувачката агенцијата со цел да ја зачуваат националната безбедност.

Словенечките медиуми објавија дека штрајкот започнал денес, а вработените во СОВА се жалат дека се недоволно платени и дека нема доволно луѓе.

Засега не е познато колку луѓе учествуваат во штрајкот.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари