Реџеп Тајип Ердоган:

Сириски и ирачки бегалци ќе се натурализираат во Турција

Меѓу овие луѓе има многумина кои можат да дадат сериозен придонес за нашата земја, рече Ердоган во обраќањето кон валиите

Турското Министерство за внатрешни работи разработува програма за натурализирање на некои вработени сириски и ирачки бегалци во земјата и нивните семејства, изјави претседателот Реџеп Тајип Ердоган, цитиран од весникот „Хуриет дејли њуз".

Ердоган потсети дека Турција им дава засолниште на над три милиони сириски и ирачки бегалци и додаде дека ваквата состојба бара порадикални мерки.

-Меѓу овие луѓе има многумина кои можат да дадат сериозен придонес за нашата земја, рече Ердоган во обраќањето кон валиите.

Тој додаде дека Министерството за внатрешни работи на давање државјанства на овие луѓе и на нивните семејства.

Ердоган, исто така, го зафати и прашањето за нараснатите безбедносни закани за земјата по серијата терористички напади.

-Турција е подложена на голем напад на внатрешен и надворешен план. Овие напади не се затоа што ние сме слаба земја. Овие напади се затоа што ние сме силна и моќна земја, посочи Ердоган.

Најнови вести

Коментари