Хрватска

Силна бура во Истра, ветрот во Пула корнеше дрвја

Истра неодамна ја покоси бурно невреме, по многу топлиот бран што во Италија беше наречен „Луцифер". Ветрот тогаш уриваше стебла и носеше покриви

Огромниот облак, што се разви над северниот дел на Италија, во четвртокот пристигна до Истра, а во Пула силниот ветар корнеше стебла, објави сајтот Истрамет.

Ровињ е прекриен со темни облаци, а ветрот е се посилен.

Облаци ги прекрија и Пореч, Стари Червар, Новиград..., пренесе Индекс.хр.

Како што јавива Истрамет, времето најопасно ќе биде на подрачјето на Трстанскиот Залив и северозападот од Истра.

Истра неодамна ја покоси бурно невреме, по многу топлиот бран што во Италија беше наречен „Луцифер". Ветрот тогаш уриваше стебла и носеше покриви.

Истрамет објави и фотографии снимени по дождот во Истра, а кои прикажуваат дека дождот е полн со африкански песок.

Поврзани

Најнови вести

Коментари