Монтгомери: Не сум сигурен дека Трамп знае каде е Балканот

Се бараат места за главни судири меѓу САД, Русија и ЕУ, Балканот е едно од тие!

На Балканот има има историја на нестабилност и тоа во Босна и Херцеговина, Косово, Македонија и Србија, која веќе неколку години е фактор на стабилност, не е во можност да го направи овој регион долгорочно стабилен. Ова е дел од интервјуто на поранешниот американски амбасадор во Србија Вилијам Монтгомери.

- Мислам дека Србија треба да остане мирна и тивка во сериозниот конфликт меѓу Русија, САД и ЕУ. Овој конфликт се повеќе се интензивира секој ден и Србија може да биде колатерална штета. Како ќе се заострува тој конфликт, ќе се бараат места ширум светот каде овој кофликт ќе треба да ескалира и каде што ќе дојде до главните судири, а Србија е една од овие точки, иако ништо не е виновна - рече Монтгомери.

На Балканот има има историја на нестабилност и тоа во Босна и Херцеговина, Косово, Македонија и Србија, која веќе неколку години е фактор на стабилност, не е во можност да го направи овој регион долгорочно стабилен. Ова е дел од интервјуто на поранешниот американски амбасадор во Србија Вилијам Монтгомери.

Тој исто така рече дека на високи нивоа во Вашингтон не постои голем интерес за Балканот, додавајќи дека не е сигурен дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да го пронајде овој дел од светот на мапа.

Не сум сигурен дека Трамп знае каде е Балканот

Монтгомери, исто така, истакнува дека никој од високите нивоа во Вашингтон не се грижи многу за Балканот.

- Не сум сигурен дека Трамп би можел да го пронајде Балканот на мапата ако некој го побара тоа. Ни треба посилно лидерство во Вашингтон, потребни се повеќе луѓе да работат за Балканот, затоа што овој регион е многу нестабилен и Србија придонесува за стабилноста во регионот, но за долгорочно решение треба активно учество кое во моментов не се гледа од страна на САД и ЕУ - рече поранешниот американски Амбасадор.

Соработка со сите

Монтгомери смета дека изјавата на висок официјален претставник на САД Брајан Хојт Ји е необична изјава дека Србија не може да седи на две столчиња, но ова, според него, не претставува генерален став, и дека не гледа причина зошто Србија да не соработува и со Русија и да оди во ЕУ.

- Мислам дека Србија треба да остане мирна и тивка во сериозниот конфликт меѓу Русија, САД и ЕУ. Овој конфликт се повеќе се интензивира секој ден и Србија може да биде колатерална штета.

Нема причина зошто Србија не би можела да биде во пријателски односи со Русија, но истовремено да се движи кон ЕУ. И Србија овде е фатена во голем конфликт, но тоа не е нејзина вина.

Вашата Влада треба да ја најде тенката линија како да се балансира, бидејќи како ќе се заострува тој конфликт, ќе се бараат места ширум светот каде овој кофликт ќе треба да ескалира и каде што ќе дојде до главните судири, а Србија е една од овие точки, иако ништо не е виновна - рече Монтгомери.

Поврзани

Најнови вести

Коментари