Сараево

Саудиска Арабија ја купува Босна

Арапските инвеститори преку домашни посредници продолжуваат да купуваат земјиште во Босна и Херцеговина - низ Сараево и околината.

Најмногу купуваат напуштено обработливо земјиште на Срби и Хрвати на подрачјето на Посавина, пишува загрепски Вечерњи лист во издание за БиХ.

Како што се наведува, парите од Саудиска Арабија, доаѓаат преку невладините организации, фондации и фондови, додека работите ги вршат локалните претставници.

Според достапните информации, на подрачјето на познатиот католички центар Плехана, инвеститори од Зеница се обиделе да купат земјиште за да изградат големи пчеларници, но поради интервенцијата на локалното свештенство, сепак не допло до тоа.

На подрачјето на Дервента, локални Бошњаци во март со поддршка на странски фондови, купиле 3.000 дунуми (дунум е површина од 1.000 метри квадратни) земјиште од хрватските семејства Седлиќ и Гаура, а како што се наведува имало притисоци и кон други семејства.

Според наводите на соговорниците на весникот, кампањата за продажба на земјиштето моментно е запрена, а и локалната српска власт е загрижена, па смислува начини како да ја спречат продажбата на земјиштето.

Истите извори наведуваат дека посредници на подрачјето на Модриќа се обиделе да дојдат до евтина земја на расселени Хрвати.

Весникот пишува дека компанијата на тајкунот Алија Будња, кој е близок до бошњачката Партија за демократска акција (СДА) и да арапски фондови, го купила местото Трњак на подрачјето на општината Оџак, кое пред војната било населено со Срби. Станува збор за околу 30 хектари земјиште.

Според наводите од општина Оџак, набрзо по купувањето на земјиштето, реагирале хрватските, но и српските претставници на општина Шамац, па било стопирано натамошно купување на земјиште и недвижности.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари