Косовско движењето

„Самоопределување“: Ќе го собориме Тачи со протести доколку не го даде мандатот

Движењето „Самоопределување" се закани дека доколку претседателот Хашим Тачи го прекрши уставот во случајот со давањето мандат за формирање влада,ќе го соборат со протести.

Ставот на партијата го кажа пратеникот Глаук Коњуфца,додавајќи дека победничката коалиција ПАН(Демократската партија,Алијасата за иднината на Косово и иницијативата за Косово) го немаат потребното мнозинство за формирање на новата влада, иако тврдат дека го имаат потребниот број од 61 пратеник.

– ПАН го нема потребнот број. Нивните зборови се единствено да добијат во време и да извршат медумски притисок,-изјавил Коњуфца.

Според него и доколку ПАН ја формира владата таа нема „да биде долговечна".

Коњуфца за нарече Демократската партија на Косово,на Кадри Весели(екс лидер Хашим Тачи) најголемо зло за земјата и затоа треба да оди во опозиција за да процвета демократијата во Косово.

Поврзани

Најнови вести

Коментари