САД со преупредување: На Косово можен е терористички напад!

"Терористите можат да нападнат со мало или без никакво преупреување, на туристички локации, транспортни центри, пазари,... “

Американскиот Стејт департмент ги предупредил своите граѓани кои планираат да патуваат на север во Косово поради "граѓански немири".

Американскиот Стејт департмент ги предупредил своите граѓани кои планираат да патуваат на Косово да бидат претпазливи поради тероризам.

- Терористичките групи планираат можни напади во регионот на Балкан, вклучувајќи го Косово – стои во соопштението на Стејт департментот кое го пренесва американската амбасада во Приштина.

Во продолежение пишува, "терористите можат да нападнат со мало или без никакво преупреување,на туристички локации, транспортни центри, пазари, трговски центри, објекти на локалната власт, хотли, клубови, ресторани, верски објекти, паркови, спортски и културни настани,образовните институции, аеродроми и други јавни места".

Во соопштението на Стејт департментот стои и дека се "политички моривирано насилство се појавува ширум Косово".

-Тензиите меѓу заедниците на север на Косово продолжуваат да потикнуваат насилство, демонстрации и други немири во Срверна Митровица, Лепосавиќ, Зубин поток и Звечани – наведува Стејт департментот.

Во продолжение се додава, "иако неодамнешните немири биле политички мотивирани и во нив немало мешање на туристи или членови на меѓународната заедница, посматрачите би можеле да бидат вклучени ако дојде до насилни инциденети".

Во соопштението не се прецизира на кои "немири од неодамна" се мисли.

Стејт департментот и порано издавал слични преупредувања за своите граѓани, а последен пат "безбедносна порака" издадена е во декември од можни демонстрации поради покачување на струјата, потсетуваат приштинските медиуми.

Поврзани

Најнови вести

Коментари