Србија

Рекордна заплена на „сканк" во регионот

Со сериозна и напорна работа луѓето од Управата за криминалистичка полиција во реонот меѓу Нови Сад и Бачка Паланка уапсена е криминална група која го превезувала тоа количество на наркотик, нагласи Стефановиќ

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ сооопшти дека полицијата во неделата ноќта запленила над еден тон дрога „сканк".

Тој на прес-конференција истакна дека станува збор за рекордна заплена, не само во Србија, туку и во регионот.

- Со сериозна и напорна работа луѓето од Управата за криминалистичка полиција во реонот меѓу Нови Сад и Бачка Паланка уапсена е криминална група која го превезувала тоа количество на наркотик, нагласи Стефановиќ.

Српскиот министер истакна дека „тоа е една од најголемите заплени досега и тоа покажува дека Србија е подготвена да биде добра потпора за целиот регион во борбата против шверцот на дрога".

Поврзани

Најнови вести

Коментари