Врие во Албанија

Рама до опозицијата: Разбудете се, никогаш нема да има техничка влада!

Албанскиот премиер Еди Рама, на опозицијата и порача да се разбуди од сонот, зашто „никогаш нема да има техничка влада", бидејќи Владата е избрана од граѓаните и таа ќе го продолжи легитимитетот се до последниот ден на мандатот

Албанскиот премиер Еди Рама, на опозицијата и порача да се разбуди од сонот, зашто „никогаш нема да има техничка влада", бидејќи Владата е избрана од граѓаните и таа ќе го продолжи легитимитетот се до последниот ден на мандатот.

Тој додаде дека бара дијалог со опозицијата и искажа подготвеност да оди во шаторот каде што опозицијата протестира, нагласувајќи дека ни една закана на поранешниот лидер на демократите и екс премиер, Сали Бериша не ја плаши Социјалистичката партија.

- Една група политичари кои посакуваат власт се собраа во шатор. Исто така има една група судии кои не сакаат да се отстрани шаторот бидејќи сакаат во заложништво да ја држат правдата. Тоа се странци ... кои не сакаат да ја видат Албанија како држава, посочи Рама.

Тој категорино и порача на опозицијата дека нема никогаш да дочека покана за техничка влада, ни покана за одложување на јунските парламентарни избори.

- Ова не е криза на Албанија, туку криза на една политичка партија, која никогаш нема да дојде на власт. Ова е криза на едно политички изолирано село. Зборуваат за народна револуција без народ, иронично порача Рама.

Опозицијата, која повеќе од еден месец протестира, не се откажува од барањето за формирање техничка влада, која, според неа, ќе спроведе слободни и фер избори.

Албанскиот претседател во обраќањето до нацијата, во врска со политичката состојба во земјата, оцени дека земјата се наоѓа во состојба на високи политички тензии и додаде дека секоја тензија е штетна за одржување на избори и спроведување на реформите.

Поради тоа тој упати апел до политичките партии да најдат заеднички јазик и да ги надминат меѓусебните проблеми.

Поврзани

Најнови вести

Коментари