Рама: Ако членството во ЕУ избледи, тогаш работите ќе тргнат на лошо

Земјите од Западен Балкан сега се во многу подобра состојба отколку што беа во деведесеттите години, а сега Европската Унија е таа која има проблеми, рече албанскиот премиер Еди Рама.

„Тоа е како некој вид балканско проклетство. Кога ЕУ беше во најдобра состојба, ние бевме во најлоша“, рече Рама на конференцијата во организација на групата Пријатели на Европа во Брисел, алудирајќи на распадот на Југославија во 90-тите години.

Рама оценува дека регионот конечно се свртел кон помирување и соработка, на основа на стандардот и барањето на ЕУ како водечка сила.

„Балканот, особено Албанија, сака да напредува, но ако перспективата (членството во ЕУ) избледува и стане илузија, тогаш работите можат да тргнат во погрешен правец“, предупреди Рама.

Тој порача дека Русија и Кина имаат многу што да понудат и да се обидат да ги придобијат балканските земји нагласувајќи дека присутен е и радикалниот ислам во регионот кој е мултинационален и мултирелигиски.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари