Невообичаено доцна пролет

Продолжува студениот бран во Хрватска и БиХ

Невобичаено ниските температури за овој период на годината, проследени со снег, дожд и силен ветер што ги погодија изминативе денови Хрватска и Босна и Херцеговина, според прогнозите на хидрометеоролозите, ќе потраат и следните денови

Невобичаено ниските температури за овој период на годината, проследени со снег, дожд и силен ветер што ги погодија изминативе денови Хрватска и Босна и Херцеговина, според прогнозите на хидрометеоролозите, ќе потраат и следните денови.

Времето во Хрватска и денеска ќе биде умерено до претежно облачно, понекаде со дожд, а во Лика и Славонија можен е нов снег, додека на брегот на Јадранско Море се очекува бура.

Снегот во април предизвика бројни проблеми во сообраќајот, електроснабдувањето и водоснабдувањето ширум БиХ, а најголема штета трпат земјоделските производи.

На возачите им се препорачува внимателно возење и носење на зимска опрема..

На подрачјето на БиХ и утре се очекува облачно и студено време, а на места и нов снег.

Поради невремето на подрачјето на Тузланскиот Кантон денеска без електрична енергија беа над 16.000 домаќинства, повеќе од 8.000 корисници на подрачјето на Среднобосанскиот Кантон. Електроснабдувањето е во прекин и во Зеничко-добојскиот Кантон. 

Поврзани

Најнови вести

Коментари