Хашки трибунал

Пресуда за Ратко Младиќ на 22 ноември

Хашкиот трибунал ќе ја објави првостепената пресуда за поранешниот командант на војската на Република Српска, Ратко Младиќ, на 22 ноември.

Младиќ е обвинет за геноцид во Сребреница и во уште шест општини во 1992 година, за прогон на несрпското население во Босна и Херцеговина, тероризирање на населението на Сараево и киднапирање припадници на УНПРОФОР.

Тој беше уапсен во 2011 година по повеќе од 10 години бегство.

Поврзани

Најнови вести

Коментари