Хрватска и Црна Гора во пламен

Пожарот голта се, туристите во паника скокаат во море

Ситуацијата според зборовите на очевидците е многу сериозна, туристите скокале во море и бегале од пожарот и во вода чекале помош околу еден час. Спасувачките екипи со чамци ги пренесуваат загрозените

На повеќе локации во Хрватска и Црна Гора беснеат пожари, туристите и локалното неселение се евакуираат. Ситуацијата е оценета како алармантна, бидејќи поради силниот ветер огнот многу брзо се шири.

Пожар избувна и во Далматинска Загора, а тешко е и во близина на Пула и на островите Вир и Паг. Хрватските вооружени сили потврдија дека се вклучени во гаснењето на пожарите на површина од Истра во Далмација. Огнот го гасат 32 возила со 109 пожарникари.

Пожарите се активни и на црногорскиот брег. На Луштица и од Грабовица да Бигово пожарот што беше засилен од ветровите и им се закануваше на населбите сега е под контрола, така што е одложена евакуацијата на жителите.

Голем пожар избувна и во местото Тугаре кај Омиш, и веднаш се прошири кон Срињине во правец на Сплит, поради што е прекинат сообраќајот на патниот правец Срињине-Ситно Доње.

Како што јави Фена, сплитските пожарникари пријавата за пожарот ја добиле 42 минути по полноќ. Во гасењето на пожарот учествуваат сите доброволни противпожарни друштва од подрачјата на Сплит, Солин, Каштелите, Трогир и Омиш.

Запалена е борова и ниско стеблеста шума и трева. Иако е побарана помош од воздух, поради силниот ветар што со денови дува во овој регион, „канадерите" се уште не можат да полетаат.

Нема информации за поврдени лица, ниту за материјална штета, а на местото на пожарот се наоѓа и екипа на Итната медицинска помош. Огнот е причина за исклучување на далеководите Закучац-Коњско и Закучац-Билице.

Половина час по овој, пожар избувна и во местото Богомоље на Хвар, каде гори густа борова шума. Овој пожар го гасат сите три доброволни противпожарни друштва од островот, а им помагаат и воздухопловните сили.

Во црногорската приморска општина Тиват утрово е спроведена евакуација на дел од населението, поради големиот пожар што избувна ноќеска околу 3 часот.

Досега со бродови се евакуирани над 100 лица, но околу 20 други одбиваат да ги напуштат нивните домови.

Во регионот на Подгорица исто така избија неколку пожари, чии број до синоќа достигна 33. Црногорските пожарникари успеаја да ги заштитат објектите и покрај силниот ветер.

Синоќа исто така, изгоре големо складише со површина од околу илјада метри квадратни, каде е направена материјална штета од околу два милиони евра.

Ситуацијата според зборовите на очевидците е многу сериозна, туристите скокале во море и бегале од пожарот и во вода чекале помош околу еден час. Спасувачките екипи со чамци ги пренесуваат загрозените во Домот за здравје во Херцег Нови.

Поврзани

Најнови вести

Коментари