Паника во Тиват:

Пожарот голта се, евакуирани 100 лица

Во црногорската приморска општина Тиват утрово е спроведена евакуација на дел од населението, поради големиот пожар што избувна ноќеска околу 3 часот.

Досега со бродови се евакуирани над 100 лица, но околу 20 други одбиваат да ги напуштат нивните домови.

Во регионот на Подгорица исто така избија неколку пожари, чии број до синоќа достигна 33.

Црногорските пожарникари успеаја да ги заштитат објектите и покрај силниот ветер.

Синоќа исто така, изгоре големо складише со површина од околу илјада метри квадратни, каде е направена материјална штета од околу два милиони евра.

Ситуацијата според зборовите на очевидците е многу сериозна, луѓето скокале во море и
бегале од пожарот и во вода чекале помош околу еден час. Спасувачките екипи со чамци ги пренесуваат загрозените во Домот за здравје во Херцег Нови.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари