Делови од Балканот зафатени од силно невреме

Поплави во Задар, а во Србија сообраќајот во прекин!

Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија попладнево ги погоди силно невреме.

Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија денеска попладне  ги погоди силно невреме.

Во Хрватска попладнево е објавен црвен метеоаларм со предупредување од опасност од
поплави поради обилните дождови долж брегот на Јадранско Море.

Дождот предизвика поплави во Задар, на островот Хвар, како и на делови од Јадранската
магистрала.

Најпогоден од обилните дождови е градот Задар, каде наврна повеќе од 200 литри дожд на
метар квадратен, што е двојно повеќе од просекот за месец септември. Поплавени се
болницата и еден трговски центар, голем број куќи и деловни простории.

Надојдената вода предизвика прекин на електричната енергија и на комуникациските врски, а водата од чешмите не е за пиење.

Силниот ветер пропратен со дожд на неколку локации во главниот град на Босна и
Херцеговцина, Сараево уриваше стебла и однесе покриви. Обилниот дожд траеше речиси еден час, а поплавените улици предизвикаа сообраќаен метеж во градот.

Невреме со пороен дожд го зафати и главниот град на Србија, Белград. Во Нови Пазар паѓаше град како орев. Невремето продолжи и кон Ниш и Крагуевац, додека во Прокупље  ветерот носеше и дрвја поради што во прекин беше и сообраќајот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари