Полициска акција во Србија, уапсени 56 лица за финансиски криминал и корупција

 

Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија во повеќе одвоени акции за сузбивање финансиски криминал и корупција уапсија 56 лица осомничени за корупција уште од 2008 година. Меѓу уапсените епоранешно одговорно лице на аеродромот „Никола Тесла“, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.

Во акциите, спроведени на територијата на Белград, Нови Сад, Панчево, Смедерево, Зајечар, Крагуевац, Краљево, Крушевац, Прокупље, Пирот и Нови Пазар, уапсените се осомничени дека со коруптивни кривични дела го оштетиле буџетот на Република Србија, буџетите на локалните самоуправи и други правни и физички лица за повеќе од 8,4 милиони евра.

Во акцијата, исто така, се запленети 31.627 штеки цигари од различни марки без акцизни маркички, во вредност од околу 50 милиони динари.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари