Турција

Полициска акција против поддржуачи на Фетула Ѓулен

Акциите за апсење се вршат во 15 области во Турција. Лицата се обвинети за финансирање на терористичка организација, фалсификување документи и други кривични дела

Турската полиција спроведува акција за апсење на 115 лица осомничени за поврзаност со организација на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кого Анкара го обвинува за организирање на обидот за државен удар минатата година.

Како што јавуваат турските медиуми, акциите за апсење се вршат во 15 области во Турција. Лицата се обвинети за финансирање на терористичка организација, фалсификување документи и други кривични дела.

Од обидот за државен удар до сега во Турција беа уапсени 50.000 лица, а 150.000 офицери и државни службеници беа отпуштени од работа.

Поврзани

Најнови вести

Коментари