Според српските медиуми

Подготвено е сценариото: Косово ќе добие столче во ОН?

По најавите дека во Белград се покренува внатрешен дијалог за Косово, албанските лобисти забрзано подготвуваат резолуција за Обединети нации со цел Косово да добие столче во тоа тело

По најавите дека во Белград се покренува внатрешен дијалог за Косово, албанските лобисти забрзано подготвуваат резолуција за Обединети нации со цел Косово да добие столче во тоа тело, пишува Б92.

Според сознанијата на „Спутник", на таа резолуција работат лобисти во Америка на кои им помага „Фондацијата Клинтон", а планот е Косово да добие статус на земја набљудувач по примерот на Палестина.

Америка наводно има намера, како што тврди „Спутик", на тој начин да го заобиколи Советот за безбедност на ОН, чии членки имаат право на вето, а ако Приштина со помош на САД и успее да ги оствари своите цели пред завршувањето на преговорите во Брисел, преговорите во Белград и Приштина би излегле од статусниот неутрален формат.

Во исто време, „на Клинтоновата Америка" и се брза што побрзо да ја реализира оваа идеја и поради Турција, т.е. поради се поголемата поддршка на Истанбул на проектот „голема Албанија", бидејќи официјална Америка не е за промени на границите на Балканот.

Косовскиот претседател Хашим Тачи неодамна најави дека во преговорите во Брисел треба официјално да учествува и Америка. Исто така, обелоденето е и писмо од американскиот конгресмен и албански лобист Елиот Енгел до шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, во кое пишува дека Србија „не е подготвена за ЕУ". Сето тоа има за цел да се успори Србија во решавањето на косовското прашање со внатрешен дијалог, за да добијат на време и да ги реализираат своите намери поврзани за ОН, тврди „Спутник".

- Но, каде има чад има и оган, па така се стекнува впечаток дека сега на Америка повеќе и е дојдено до тоа да се вмеша во преговорите во Брисел, отколку на самото Косово, прашањето е зошто?, наведе „Спутик".

Стефан Сурлиќ, доцент на Факултетот за политички науки, за тој портал потсетува дека Америка до сега вложила многу пари и дипломатски напор за да обезбеди независност на Косово. Со оглед на тоа дека преговорите меѓу Приштина и Белград, влегуваат во завршна фаза, Вашингтон има причина да стане и формално дел од преговорите и до конечниот договор, додава тој.

Инаку, целата иницијатива која доаѓа од Вашингтон, Брисел и Берлин, личи на желба да се предупреди создавање на голема Албанија, бидејќи без оглед на досегашните толкувања, на Америка и на другите големи сили не им одговара создавање на каква било голема држава на Балканот. Според нивно толкување, јакнењето на независноста на Косово и прусутноста на Приштина во меѓународниот план, обезбедува такво сценарио да не се случи и мислам дека тука интересот е САД да бидат вклучени во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Сурлиќ вели дека токму иницијативата на Белград за внатрешен дијалог и е покрената за Белград да ги одреди своите „црвени линии" кои ќе го постават Косово и во таа смисла сериозно се разгледува спречување да не се додели столче на Приштина во ОН.

- Без оглед на тоа што Србија не е дипломатски силна, таа има силни адути во своите раце, а пред се фактот дека пет земји на ЕУ се уште не го признале Косово и дека без нивна согласност сигурно нема да стане полноправен член на ОН. Тие две клучни димензии отвараат простор и можност Србија да определи што може да и дозволи на Приштина, а што ќе остават за себе во контекст на завршетокот на дијалогот меѓу Белград и Приштина, смета тој.

На прашањето, дали и во која мера преговорите на Белград и Приштина се измениле, ако Приштина успее со помош на Америка да влезе во ОН во било која форма, Сурлиќ вели: „Пред се, на таа иницијатива треба да и предходи една сериозна дипломатска борба која би обезбедила гласови на две третини членки на ОН, а тоа секако би имало и силна политичка и дипломатска порака за дијалогот меѓу Белград и Приштина и воедно би претставувало еден многу силен притисок на Србија. Самиот факт ако над две третини од државите од светот го признаат Косово како посебна држава, би значело пораз за Србија и дополнителен притисок за отстапки на Приштина, верува тој.

Инаку, за резолуцијата со која би било предложено Косово да добие статус на земја набљудувач, би се изјаснувало Генералното собрание на ОН, т.е. за оваа резолуција и против неа би гласале сите 193 членки на ОН. На овој начин се заканува опасност Косово и официјално да добие меѓународен документ дека постои како држава.

Поврзани

Најнови вести

Коментари