Бинали Јилдирим

Писмо до 15 милиони млади луѓе да гласаат со „да" на референдумот

Турскиот премиер Бинали Јилдирим испратил рачно напишани писма до 15 милиони млади избирачи во земјата, повикувајќи ги да гласаат со „да" на референдумот на 16 април за уставната реформа

Турскиот премиер Бинали Јилдирим испратил рачно напишани писма до 15 милиони млади избирачи во земјата, повикувајќи ги да гласаат со „да" на референдумот на 16 април за уставната реформа.

Реформата од 18 точки предвидува воведување на извршна претседатлска власт, зголемување на брјот на пратеници од 550 на 600, намалување на минималната возраст за пратеник од 25 на 18 години и други измени.

- На 16 април вие ќе треба да се изјасните и ќе донесете одлука, нагласил Јилдирим во писмото, додавајќи дека доколку гласовите со „да" преовладаат, возраста за кандидирање во Парламентот ќе биде намалена на 18 години.

Јилдирим ги соопштил деталите за содржината на писмото на седница на Централниот извршен совет на владејачката Партија на правдата и развојот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари