Емиграција или евакуација

Петтина Балканци се иселиле од своите земји

Според истражувањето на американскиот Институт Пју, третина од родените во Босна и Херцеговина денеска живеат надвор од татковината

Босна и Херцеговина е во групата земји со најголем број емигранти по глава на жител.

Според последните податоци на американскиот Институт Пју, во светот во 2015 година имало 244 милиони мигранти кои живеат и работат надвор од татковината, додека во 2010 година нивниот број изнесувал 222 милиони.

Истражувањето на експертите од овој институт покажа дека девет земји останале без петтина од својата популација или и повеќе од тоа во текот на претходните децении, јавува Анадолија.

Според ова истражување, третина од родените во Босна и Херцеговина денес живеан надвор од татковината, додека 28 отсто Албанци, како и Јамајканци ја напуштиле татковината и го продолжиле животот во други земји ширум светот.

Исто така, една четвртина од жителите на Ерменија во 2015 година живееле во странство, додека петтина родени во Казахстан, Сирија, на Тринидад и Тобаго, Македонија и Португалија живеат вон матичната земја.

Меѓу најчестите причини за емиграција на луѓето се вооружените судири и физичките закани, а последите години и се поголемата невработеност, односно голем број луѓе заминуваат во други земји во потрага по подобри економски услови.

Во извештајот на американскиот институт се предупредува дека емиграциите може да имаат многу сериозни последици по демографската слика на земјата, особено во случаите кога младите луѓе ја напуштаат татковината и заминуваат да живеат во други земји.

Емиграцијата, исто така, може да предизвика проблем со стареење на популацијата, како и недостиг на високообразована работна сила која е неопходна за националната економија.

Најнови вести

Коментари