Од автобуската во Солун не им е на крај памет да не се вика Македонија

Бура од реакции во Грција предизвика изјавата на солунскиот градоначалник Јанис Битарис за тоа дали и тие треба да размислат за промена на имињата на аеродромот и автобуската станица во Солун, кои го носат името „Македонија", јави дописникот на МИА од Атина.

Од меѓуградската автобуска станица во Солун, што се вика „Македонија", за солунскиот информативен портал Thestival, велат дека немаат никаква намера, ниту размислуваат за промена на името.

-Немаме таква намера и не знам зошто би се сменило името на станицата. Станицата е приватна и воопшто не разговараме за такво нешто, рекол Јанис Ламбру, претседател на меѓународната автобуска станица во Солун.

Говорејќи пред општинскиот совет, солунскиот градоначалник синоќа ја постави дилемата што ќе прави Грција со името „Македонија" на аеродромот и на автобуската станица, со објаснување дека многумина што пристигнуваат на солунскиот аеродром „Македонија" мислат дека се во Скопје.

Јанис Бутарис, како што веќе објави МИА, говорејќи утрово за ТВ Скај, објасни дека не рекол дека треба да се променат имињата, туку едноставно се запрашал што треба да направи Грција.

Поврзани

Најнови вести

Коментари