Претседателот на Албанија апелира

Нишани: Албанските партии да започнат дијалог за компромис

Албанскиот претседател Бујар Нишани оцени дека е неопходен дијалог меѓу политичките партии во Албанија, бидејќи, според него, само преку дијалог може да се постигне и компромис

Албанскиот претседател Бујар Нишани оцени дека е неопходен дијалог меѓу политичките партии во Албанија, бидејќи, според него, само преку дијалог може да се постигне и компромис.

На тој начин, смета Нишани, Албанија ќе може да излезе од длабоката политичка криза.

- Сакам да нагласам колку е значајна цивилизациската димензија, димензијата на една зрела политика на соработка, взаемна почит, политичкото однесување и институционалното дејствување, со кои културните и цивилизациските вредности ќе бидат оживотворени не само во културното наследство, туку и во секојдневното однесување на институциите и субјектите кои ги чинат овие институции. Историјата, не научи дека дијалогот е најдобар начин, преку кој се постигнува компромис, разбирање и почитување на стандардите кои се обврзувачки за сите страни, изјави Нашани.

Со приближувањето на парламентарните избори закажани за 18 јуни, обединетата опозиција предводена од Демократската партија на Љуљзим Баша, продолжува со протестот во шаторите поставени пред Владата уште од 18 февруари, барајќи формирање техничка Влада како „единствена можност за спроведување слободни и фер избори".

Албанската опозција не го прекина бојкотот на Парламентот и на престојните избори, дури ни по посетата шефот на германската дипломатија Зигмар Габриел, кој при престојот во Тирана побара опозициските партии да се вратат во Собранието и да учествуваат на изборите. Барањето за формирање техничка влада пред избори, тој го оцени како апсурдно.

Поврзани

Најнови вести

Коментари