Ивица Дачиќ, министер во владата Србија

Ние не сме дел од ЕУ за Брисел да ни ги менува границите

Светските центри на моќ „се заиграа" кога помислија дека е можно прекројување на границите на Балканот, затоа што тој регион не е дел од ЕУ, изјави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ за московскиот весник „Известија".

Според него, тоа е еден од „најсветлите примери за двојни стандарди и лицемерие на светската политика".
Дачиќ додава дека Белград ќе остане приврзаник на европските принципи и демократија, но дека нема да ја жртвува својата независност.

- Ќе продолжиме да се бориме за својата иднина, да соработуваме со нашите соседи и да се обидуваме да ги решиме проблемите, изјави Дачиќ.

На прашањето дали Белград ќе воведе санкции кон Русија, Дачиќ одговори дека иако Србија сака да влезе во ЕУ, „нема да оди против сопствените национални интереси и никогаш нема да воведе санкции кон пријатели".

Поврзани

Најнови вести

Коментари