Немири за време на демонстрациите во Атина и Солун

Немири избија во Атина и Солун за време на демонстрациите по повод годишнината од студентскиот бунт против воената диктатура во Грција, објави „Вашингтон пост“.

Помали групи демонстранти запалија контејнери и фрлаа камења врз полицајците во центарот на градот, а како одговор полицијата употреби солзавец.

Засега нема податоци за повредени или уапсени. За зачувување на редот за време на годишниот марш во грчката престолнина беа распоредени над 5.000 полицајци.

Насилство имало и во Солун.

Илјадници Грци денеска маршираа на улиците во Атина одбележувајќи ја годишнината од студентскиот бунт во 1973 година против воената хунта која тогаш беше на власт во Грција. Повеќе од 10.000 демонстранти прошетаа до Амбасадата на САД во Атина. Некои од демонстрантите ги обвинуваат САД дека ја поддржувале хунтата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари