Мехмет Шимшек:

Наскоро ќе ја надминеме дипломатската криза меѓу САД и Турција

Дипломатската криза меѓу САД и Турција е „претерана" и набрзо ќе биде надмината, изјави турскиот вицепремиер Мехмет Шимшек во Вашингтон

Дипломатската криза меѓу САД и Турција е „претерана" и набрзо ќе биде надмината, изјави турскиот вицепремиер Мехмет Шимшек во Вашингтон.

Тој додаде дека безбедноста и сигурноста на американските дипломати во Турција е „топ приоритет", а приведувањето на претставници на американските мисии во Турција ги оцени како „рутинска" истрага.

- Не сакаме овој спор да продолжи ниту секунда повеќе, посочи Шимшек пред Трговската комора на САД.

Тензиите меѓу Анкара и Вашингтон почнаа со приведувањето на двајца турски државјани, вработени во американски дипломатски мисии. Како одговор на тоа американските конзуларнии служби престанаа да издаваат неимиграциски визи за турски државјани. Неколку часови потоа Турција воведе иста мерка за американските граѓани.

Поврзани

Најнови вести

Коментари