Црна Гора

Над милион евра отштета на жртвите на воени злосторства

Црна Гора ќе плати вкупно 1,35 милиони евра отштета на жртвите на воени злосторства, извршени на нејзина територија за време на војните во поранешна Југославија во 1990-тите години од минатиот век

Црна Гора ќе плати вкупно 1,35 милиони евра отштета на жртвите на воени злосторства, извршени на нејзина територија за време на војните во поранешна Југославија во 1990-тите години од минатиот век, јави Танјуг.

Ова се наведува во извештајот на црногорската Влада за напредок на преговорите за членство во Европската унија.

Во документот е посочено дека веќе е одобрено обесштетување за 145 случаи, за кои се поднесени тужби во црногорските судови во последните неколку години.

Тужбите се поднесени од жртвите или од нивните семејства, претежно муслимани и Хрвати. Во сите случаи, со исклучок на четири, обвинувањата за воени злосторства се оправдани, а четири поранешни војници од југословенската армија се прогласени за виновни и се осудени на вкупно 12 години затвор за насилство врз хрватски затвореници во логорот Морин.

Отштета за случајот Морин побарале 250 поранешни затвореници од Хрватска, на кои ќе им бидат исплатени околу милион евра.

Поврзани

Најнови вести

Коментари