Грција

На Хиос уапсени две лица за напад врз бегалски камп

На грчкиот остров Хиос во четвртокот ноќта се уапсени две лица, кои се осомничени за напад врз кампот за бегалци Суда, што се случи минатата година

На грчкиот остров Хиос во четвртокот ноќта се уапсени две лица, кои се осомничени за напад врз кампот за бегалци Суда, што се случи минатата година.

Двајцата осомничени се изведени пред обвинител.

Кампот, кој се наоѓа во близина на урнатини на средновековен замок во главниот град на островот, во ноември беше нападнат со молотови коктели и камења од страна на екстремно десничарска толпа вооружени лица.

Поврзани

Најнови вести

Коментари