Си-Ен-Ен Турк:

Можни се тензии во односите Софија-Анкара

Бугарските власти минатата недела од земјата го протерале генералниот секретар на градската урава на Едрене, Ибрахим Таранџ, објави турската телевизија Си-Ен-Ен Турк, нагласувајќи дека ваквата одлука би можела „да ја налути Турција"

Бугарските власти минатата недела од земјата го протерале генералниот секретар на градската урава на Едрене, Ибрахим Таранџ, објави турската телевизија Си-Ен-Ен Турк, нагласувајќи дека ваквата одлука би можела „да ја налути Турција".

Телевизијата наведува дека Таранџ и уште двајца други турски државјани биле протерани од Бугарија и дека им е воведена забрана за влез во земјата.

Си-Ен-Ен Турк пренесува ијзава на бугарскиот јавен обвинител Сотир Цацаров, кој тврди дека случајот со тројцата Турци не е поврзан со некаква предизборна активност или политички собир, туку дека станува збор за прашање поврзано со „националната безбедност на Бугарија".

Засега нема официјална реакција на турските власти на одлуката за протерување на тројцата Турци од Бугарија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари