Могерини: ЕУ има најсилно влијание врз земјите од Западен Балкан

Високата претставничка на Европската Унија за безбедносна политика, Федерика Могерини, изјави дека Заедницата има најсилно влијание врз земјите од Западен Балкан.

„Не стравувам од влијанието или присуството на друг партнер во земјите од регионот бидејќи се уверив неколкупати дека кога ЕУ е присутна со сиот свој капацитет, тогаш не постои друг партнер кој има толку силно влијание врз регионот“, изјави Могерини во Брисел коментирајќи го руското влијание врз земјите од Западен Балкан.

По состанокот во Брисел на министрите за надворешни работи на земјите од Заедницата, Могерини потсети дека минатото лето е формиран специјален тим одговорен за стратешките комуникации со земјите од Западен Балкан. Увери дека Брисел активно работи на политиката кон овој дел од Европа.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари