Местото каде што Тито никогаш не стапнал, а убивал!

Денес ова место е "град на духови". Островот е напуштен, зградите се срушени, а единствените луѓе кои доаѓаат тука се малиот број туристи или пак семејствата чиишто членови ги оставиле коските на ова морничаво место.

На ова место се кријат многу мрачни тајни за режимот на Тито, а на истото се убивани и оние кои мислат поинаку. Погрешни зборови, шега или насмевки се плаќале со глава.

Некогашната најдлабока тајна на Титова Југославија, Голи Оток, за која се верувало дека знаеле само четворица од СФРЈ е местото каде ѕверски се мачени и убивани противниците на комунистичкиот режим. Денес ова место е "град на духови". Островот е напуштен, зградите се срушени, а единствените луѓе кои доаѓаат тука се малиот број туристи или пак семејствата чиишто членови ги оставиле коските на ова морничаво место.

Југословенскиот Алкатраз се простира на 4,7 квадратни километри и е лоциран источно од полуостровот Истра во Велебитскиот Канал, помеѓу островите Раб, Свети Гргур и Првиќ. Островот не е погоден за живот и е ненаселен. Во Првата светска војна Австро-Унгарија на овој остров ги чувала руските затвореници од Источниот фронт. По конфликтот меѓу Тито и Сталин во 1948 година, на Голи Оток се отвора затвор за политички затвореници, но имало и затвореници на кои им се судело за воени злосторства од Втората светска војна.

Голиот Оток со работа започнува во далечната 1948 година, а првите затвореници на овој остров пристигнале на 9 јули 1949 година. Сите биле политички затвореници кои на некои начин му се спротивставиле на комунистичкиот режим. Заедничкото за нив било тоа што тогашните властодршци ги сметале за опасни за својот режим. Според сведоштвата, доволно било еден збор, шега или насмевка дане им се допадне на „главешините" или „загрижените граѓани" за човек да биде осуден на долгогишна робија.

Според официјалните податоци, на Голи Оток биле затворени 16.101 луѓе, а од 413 од нив умреле на овој остров (иако се претпоставува дека бројот е поголем). Се претпоставува дека илјадници луѓе (од 3000 до 15.000 луѓе) биле поразени од ќотекот, исцрпеноста, дифтеријата и решиле да се самоубијат. Процентуално, 44 отсто од затворениците биле Срби, 21,5 отсто биле Црногорци, 16 отсто Хрвати а 5 отсто Македонци. Нешто помал процент имало и Словенци и Албанци.

Затворот се состоел од четири логори - Прв машки логор (Мала жица), Втор машки логор (Голема жица), Петрова дупка (Кота 101) и подоцна изградениот Женски логор.

Од 1948 година, па се до 1956 година на Голиот Оток робувале само политички затвореници, а од 1956 година станува затвор во кој се казнувале и силувачите, убијците... и така се до 1988 година кога официјално е укинат.

Единствената вредност денес на Голиот Оток е обработениот камен вграден во куќите и патиштата кои водат никаде. Станува збор за рачно обработен камен, кој на пазарот има исклучително висока цена, па од него може добро да се заработи. Го клепале затвореници, во страшни услови, на пеколни температури, дожд и силен ветер. За разлика од другите вредни работи засега никој го продал овој камен. Запуштените згради на поранешниот логор се наоѓаат на југозападниот брег на „Голи Оток". Затворскиот комплекс се состои од управна зграда, која е изградена во 1950 година од камени блокови кои логорашите ги исекле со свои раце, а која во логорскиот жаргон се нарекувала „хотел". Тука се остатоци од зградата за прием и отпуштање, зграда во која се наоѓале карантин и болница, зграда за исповед, како и комплексот „жица", како што логорашите го нарекувале делот од зградите опкружен со жица во кој биле бараките за спиење.

Идејниот творец во чие име сè се правело на овој суров остров, Јосип Броз Тито, никогаш не го посетил овој остров, а како што тврдат историчарите до него и за него работеле Едвард Кардељ, Александар Лека Ранковиќ и Милован Ѓилас.

Во официјална посета на Голиот Оток биле само двајца високи функционери од поранешна Југославија - кумот на Тито, Лека Ранковиќ и Добрица Ќосиќ.

Според листата на затвореници на "воспитување" како што тврди некогашниот управител на Голиот Оток најбројни биле Србите и Црногорците.

Што се случува денес на овој остров?

За да стигнете на Голи Оток морате да се качите на брод. Уште од брод може да се забележат огромните бункери и набљудувачките места кои биле користени со се цел да се чува пристапот до затворот. Потсетуваме, во време на политички затворања и тортура на Голи Оток целата област околу островот била прогласена за зона каде е забрането пловење.

На самиот остров, кој денес е град на духови може да се видат преубави градби од рачно резбан камен. Пред многу години на овој остров немало ништо, а се ова што го гледаме денес е благодарение на макотрпната работа на затворениците кои без разлика на временските услови морале да ја завршат работата.

Останала и познатата патека по која затворениците морале да поминат покрај постарите затвореници кои пак ги ударале со камења, ремени, стапови и со други предмети кои им ги давале чуварите.

Впрочем, станува збор за ритуал кој се спроведувал секој пат кога на островот ќе дојдат нови затвореници. А оние (постарите затвореници) кои одбивале да ги удираат новите затвореници биле казнувани и тепани. Чуварите и управителите седеле на страна и се исмевале со туѓата несреќа, при тоа велејќи им дека на овој начин ќе ја научат лекцијата.

Освен разрушените градби кои говорат за тагата и болката на затворениците, на островот се уште има и слогани кои ги величаат Тито и Југославија.

Каква ќе биде судбината на Голи Оток?

- Ние предложивме да се обноват четирите објекти кои се во релативно добра состојба и да направиме меморијален центар, но и училиште за демократија. Сакаме да развиеме специфичен тип туризам кој ќе ги поттикне меѓународните институција кои сакаат да дебатираат за најразлични теми врзани со човековите права, вели претседателот на Здружението „Голи Оток".

Поврзани

Најнови вести

Коментари