ВРХОВНИОТ КОМАНДАНТ НА НАТО ЗА ЕВРОПА ЗАГРИЖЕН

Мал број земји го признале Косово

Врховниот командант на НАТО во Европа Бенц Кредок изјави во Вашингтон дека е загрижен поради тоа што мал број земји-членки на Алијансата досега го признале Косово. "Само 34 земји го признаа Косово. Тоа е мало разочарување, истакна американскиот генерал обраќајќи се пред Претставничкиот дом на Конгресот на САД. Кредок предупреди дека мировните сили на НАТО на Косово "се наоѓаат во напната ситуација" и потсети на минатомесечните судири во Косовска Митровица меѓу косовските Срби и припадниците на КФОР и УНМИК, известува МИА.

Според податоците на Стејт департментот 36 земји досега го признале Косово, а уште три Малезија, Чешка и Литванија, најавиле оти ќе го сторат тоа. Од 26 земји-членки на НАТО независноста на Косово не ја признале Словачка, Чешка, Литванија, Романија, Шпанија, Португалија и Грција.

Подготовки за ММФ
Косовската Влада се уште нема доставено барање, но ги направила сите потребни подготовки за зачленување во Меѓународниот монетарен фонд и други меѓународни организации, потврдуваат за тиранската телевизија "Топ-ченел" извори од Владата во Приштина. Од друга страна, експертите и меѓународните мисии што работат на Косово, бараат поголем ангажман на домашните институции во врска со тоа прашање.


Поврзани

Најнови вести

Коментари