Лавров следната недела во посета на Белград

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, на 21 и 22 февруари ќе го посети Белград, по повод одбележувањето на 180-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Србија и Русија, соопшти српското Министерство за надворешни работи.

Лавров ќе пристигне во Белград на покана на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари