Косово назначи нов претставник во преговорите со Србија

Владата на Косово назначи нов преставник во преговорите со Србија.

Наместо досегашниот преставник, Едита Тахири, Владата во Приштина за нов преставник во преговорите со Србија го назначи Авни Арифи, шеф на кабинетот на Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај.

На седница на владата е оценето дека Арифи има кадровски капацитети за да биде владин преставник во преговорите за нормализација на односите на Белград и Приштина.

К.М.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари