Косово: Мјузикл за Слободан Милошевиќ и Мира Марковиќ

Милошевиќ, претседателот на Србија беше соборен по големите протести во октомври 2000 година, почина во 2006 година, на 64 години, во неговата келија во Хаг, каде што му се судеше за воени злосторства.

„Слободан шоу" е насловот на мјузиклот кој го подготува српска театарска трупа во Косово чија тема е животот на поранешниот претседател на Србија Слободан Милошевиќ и неговата сопруга Мира Марковиќ.

Мјузиклот ќе игра од февруари во Грачаница, голема етничка српска енклава во централно Косово.

– Пробите ќе започнат во средината на месецов, а премиерата се планира в февруари – изјави за странските агенции, а пренесуваат српските медиуми композиторот на „Слободан шоу", Марко Грубиќ.

Додека се подготвуваше за мјузиклот, Тодоровиќ вели дека читал десетици илјади страници од судска евиденција од Хашкиот трибунал, која, како што посочува, содржи "релативно идиотски обвинувања", како и "јасни доказ за сериозни кривични дела."

"По моето истражување, јас лично го гледам Милошевиќ како паметен политичар кој ја сакаше владста, кој беше фатен во одредени историски околности и помогна да се забрзаат, но што ќе се случеа и без него", вели Тодоровиќ.

На поранешниот претседател гледа како на "трагичен херој" кој може да се опише како "балкански касап", и како жртва на околности - а музиката не се обидува да одговори на прашањето за тоа кој беше Милошевиќ.

Милошевиќ, претседателот на Србија беше соборен по големите протести во октомври 2000 година, почина во 2006 година, на 64 години, во неговата келија во Хаг, каде што му се судеше за воени злосторства.

Неговата вдовица Мира Марковиќ пребегна во Русија во 2003 година, по обвиненијата за корупција во Србија.

Авторка на текстот за мјузиклот е Јелена Боговац.

Поврзани

Најнови вести

Коментари