Косово бара да му суди на Израелецот осомничен за трговија со органи

Косово бара да им се испорача израелскиот државјанин кој е уапсен на Кипар на почетокот на јануари под сомнеж дека бил организатор на меѓународна мрежа за трговија со органи. „Ќе направам се таа личност, која што му нанесе штета на меѓународниот углед на Косово, да одговара пред судот за извршените дела“, напиша на Фејсбук косовскиот министер за правда Абелард Тахири.

Според обвинителството, Израелецот кого локалните медиуми го идентификувале како Моше Харел, е осомничен дека организирал повеќе од 30 трансплантации на бубрег и други органи на клиниката Медикус кај Приштина, која беше затворена во 2008 година по избивањето на скандалот. Харел исто тка е обвинет во Тел Авив со уште пестмина Израелци за нивно наводно учество во меѓународната мрежа за трговија со органи и илегални трансплантации на Косово, во Азербејџан, на Шри Ланка и во Турција.

Европскиот суд на Косово во 2013 година осуди петмина косовски лекари на казни затвор од по 8 години за трговија со органи на Косово, во врска со случајот во 2008 година. Врховниот суд на Косово ја поништи пресудата во 2016 година, по што е во тек ново судење. Донаторите на органи од Европа или Централна Азија добивале по 15 илјади евра, додека примателите на органи биле подготвени да платат и по 100.000 евра за хируршката интервенција.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари