ДОСИЕ: Историјата на Балканот ја кројат криминалци од архивите

Кој го продал клучниот документ од Холбрук за независностa на Косово

Документот што американскиот дипломат и специјален пратеник Ричард Холбрук, преговарач со Србија за статусот на Косово по повлекувањето на српската полиција и војска од таа покраина,  во октомври 1998 година го потпишал како ветување на Слободан Милошевиќ дека САД никогаш нема да ја признае независноста на Косово, не е загубен ниту уништен за време на бомбардирањето на НАТО, туку бил продаден во САД за еден милион долари, а тоа од одговорен висок претставник на ДОС (опозицијата на Милошевиќ предводена од Зоран Ѓинѓиќ, Борис Тадиќ и Чеда Јовановиќ), дознава “Српски телеграф ".

Цитирајќи неименуван извор од тогашната власт која стапи по соборувањето на Милошевиќ, дневниот весник од Белград вели дека по уривањето на Милошевиќ документот исчезнал, откако од американската амбасада во Белград претходно побарале да се им се врати тој документ кој бил евидентен доказ и пречка за идните планови за Косово, врз основа на која Србија би можела да го запре процесот за признавањето на независноста на Косово.

- Еден од лидерите на ДОС се согласи да го извлече документот од архивите. За тоа му е  платено и добил милион долари за испораката - тврди извор близок до тогашната влада.

Дека овој документ навистина бил архивиран во кабинетот на Слободан Милошевиќ, потврдува и тогашниот близок соработник на Милошевиќ, а сегашен шеф на српската дипломатијата Ивица Дачиќ.

- Сите соработници кои учествувале во преговорите со Холбрук, како и неговиот секретар, потврдуваат постоење на таа спогодба и дека Милошевиќ лично го предал документот на архивата бидејќи имал огромна важност за Србија, и со кој незавосноста на Косово би можела да се оспори. 

“Кога го уапсија Слобо, тој документ го снема“, изјави Дачиќ.

Тој наведува исчезнувања и на други клучни документи од архивите кои имаат исклучително голема историска важност, не само за Србија, туку и за Балканот: “Неодамна го побарав писмото од англискиот министер за надворешни работи Греј до тогашниот српски премиер Николиќ Пашиќ од август 1915 година, во кое тој од името на Велика Британија и понудил на Србија, ако им предаде половина од Македонија на Бугарите, за возврат да ја добие Босна и Херцеговина, и излез кон Јадранското Море. Никогаш не го најдов ова писмо, а Британците ја чуваат нивната копија“, изјави Дачиќ за Вечерње новости.

Пред еден месец беше уапсен полицаец од Сараево кај кого бил најден оригинал од Дејтонската спогодба за решавање и поделба на Босна и Херцеговина, кој барал 50.000 евра за да го продаде документот. Во тие времиња не се продавале само докумeнти и државните интереси, туку и луѓе од власта на Милошевиќ за пари. Мирослав Лазански, новинар-истражувач од Белград, открива дека поранешнниот претседател на Србија Слободан Милошевиќ бил продаден на Хашкиот трибунал од страна на тогашните власти предводени од Зоран Ѓинѓиќ.

Цената за неговата глава била десет милиони долари, и тој бил предадден на Хаг кога понудата за испорака на тогашниот соборен српски претседател ја достигнала највисоката цена.

Зоран Ѓинѓиќ, Легија и Чеда Јовановиќ преговарале со Милошевиќ да се предаде, и го уверувале дека нема да биде испорачан во Хаг, што и тие самите јавно го потврдиле многу пати. Тоа секако не се случи, и тој во 2001 година беше уапсен, и со специјален авионски лет однесен во хашкиот затвор и каде почина пред да ја дочека пресудата.

На својот прв настап пред Трибуналот во Хаг, поранешниот претседател на Република Српска обвинет за воени злосторства Радован Караџиќ веднаш побарал да се стави во постапка договорот со американскиот дипломат Ричард Холбрук од 1996 година, според кој му било гарантирано дека нема да биде гонет ако се повлече од сите функции, и од политичкиот живот на РС и БиХ, објавија Вечерње новости во март 2016.

Македонскиот адвокат Инат Панчевски, четири години претходно,објави дека оригиналниот договор постои во Македонија и дека, според него, американската влада му става на Караџиќ на располагање 600.000 долари, станбен објект, имунитет и физичко обезбедување. 

На 21.3.2012 српски Курир објави и копија од тој договор помеѓу Холбрук и Караџиќ

Во својата изјава за Си-Ен-Ен, Холбрук рече дека со Караџиќ имало преговори и барање да се повлече од функцијата претседател на РС и претседател на Српската демократска партија. Кога тоа го направи Караџиќ исчезна, а потоа почна да шири дезинформации дека сме постигнале договор со него дека нема да го гониме. Тоа е чиста лага“, изјави Холбрук.

(vecer.mk)

Поврзани

Најнови вести

Коментари