Кланови: Црна Гора прва по број на убиства во Европа!


"Криминалните кланови немаат милост спрема жртвите, убиваат млади момчиња и постари луѓе, напаѓаат семејства, а се случуваат и трагедии... “ 

Голем број убиства и организирани ликвидации во Црна Гора привлече внимание на неколку странски медиуми кои известувале за крвава војна меѓу црногорски кланови.

На порталот inteligencefusion.co.uk констатирано е дека Црна Гора во однос на број на жители има многу висока стапка, потсетувајќи дека само во тек на 2016 година 12 лица убиени се во пресметка на два которски клана. Уште позастрашувачки е податокот што во последните три години во пресметка на клановите страдале 24 лица.

Податоците покажуваат дека Црна Гора во однос на број на жители е прва земја во Европа по број на убиства извршени со огнено оружје. Известувајќи за земјата чии што граѓани имаат најмногу оружје, на прво место во Европа, доделено и е на Црна Гора.

Во извештаите на странските медиуми наведено е дека бројот на убиства во Црна Гора оваа година не е намален. Тие наведуваат дека убиствата кои се направени во војна меѓу которските кланови се извршени на најмонструозен начин, јавува порталот ЦДМ.

"Криминалните кланови немаат милост спрема жртвите, убиваат млади момчиња и постари луѓе, напаѓаат семејства, а се случуваат и трагедии каде што во еден напад се одземаат и по два живота, се наведува во извештај за безбедносната состојба во Црна Гора.

Криминологот Велимир Ракочевиќ вели дека странските медиуми напишале за она што веќе со години е така.

- На мала територија, на која живеат нешто повеќе од 600.000 жители, овој број на убиства е многу голем. Особено е алармантен податокот за бројот на убиства кои се извршени од огнено оружје. Имено, убиствата од огнено оружје не е карактеристика во пресметка на клановите, туку можност да се извршуваат и други убиства – рекол Ракочевиќ.

Војната на два најјаки криминални црногорски клана, "кавачко" и "шкањарско", во предходните три години однесе 24 животи. Полицијата проверува дали уште некои ликвидации во Црна Гора, како и во некои земји од регионот, се последица на конфликтот меѓу двете криминални групи од Котор. Освен во Црна Гора, тие кланови вршење ликвидација на сопарници во Србија и БиХ.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари