Зошто националистите ја одбија шансата за своите граѓани

Киро Глигоров: Што и нудеше ЕУ на Македонија во 1990 година

Европската унија која, во земјите на бивша Југославија, е доведена до ниво на религија и на која треба да и се даде се а да не се добие речиси ништо освен членство кое, понатаму, чини прилагодување на сопствената економија и национални интереси на потребите на големите економии на Германија, Франција, Италија... Србија треба да се откаже од територијата на Косово, Македонија од националното име и идентитет што е нешто кое не е барано од ниту една сегашна членка на ЕУ или земја кандидат, и што без тешки долгорочни потреси овие држави не можат да го преживеат.

Во 1990 година Југославија со последниот премиер Анте Марковиќ се уште имаше иднина, се чекаше само повеќепартиски систем и трансфорамција во слободно пазарно општетсво но, во таа борба за трансформација која ја наруши стабилноста на државата се појавија нови, национални аспирации за создавање мали, економски и политички тешко самоодржливи држави кои немаат услови за самостојност и приморани се да побараат помош и понудат зависност на големите политички и економски сили за да се реализираат нивните цели: во мали држави да создадат нови локални елити кои ќе ја контролираат моќта, парите и демократиите во тие мали држави кои, по својот капацитет, немаат услови тоа да го остварат, а особено не да го одржат како функционлано општетсво.

Денес долгот на државите кои произлегоа од Југославија е 4 пати поголем од југословенскиот (секако тука се пресметува и инфлацијата) а буџетите на сите 6 поранешни југословенски држави, збирно, се 6 пати поголеми од буџетот на некогашна Југославија со кои пари во Југославија се  одржуваше високо ниво на економски раст, вработеност и силен државен апарат, на социјална сигурност и политичка моќ која гарантира автентична и независна држава која сама решава за своите интереси, што денес го нема ниту една од 6-те поранешни републики.

Во 1990 Европската унија имала понуда за Југославија - да остане цела и да влезе во ЕУ, но на националните лидери ЕУ не им бил приоритет, ниту економијата ниту демократријата која ЕУ ја нуди, им биле важни само новиот систем на власт, и новите функции за нив и моќ. За понудата на ЕУ во 1990 година сведочи поранешниот македонски претседател Киро Глигоров

Поврзани

Најнови вести

Коментари