Турција

Јилдирим: Неприфатливо повикување на улични протести

Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави денеска дека турските опозициски партии имаат право да поднесат приговор на исходот на неодамнешниот референдум кој доведе до проширување на овластувањата на Претседателот на државата, но предупреди дека е неприфатливо да се повикува на улични протести

Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави денеска дека турските опозициски партии имаат право да поднесат приговор на исходот на неодамнешниот референдум кој доведе до проширување на овластувањата на Претседателот на државата, но предупреди дека е неприфатливо да се повикува на улични протести.

Според неговите зборови, изборната комисија ќе одлучи по барањата на главната опозициска Републиканска Народна партија за поништување на исходот на референдумот за уставните промени.

Опозиционите партии се жалеле за многу неправилности на референдумот, особено на одлуката на изборната комисија да ги прифати гласачките ливчиња без официјални печати, како што е предвидено со турското барање.

Јилдирим смета дека „патот за барањето права" треба да биде ограничен на правни приговори.

- Повикувањето луѓе на улица е погрешно и надвор од линијата на легитимитетот, рече Јилдирим и изрази очекување дека лидерот на главната опозициска партија ќе се однесува поодговорно.

Илјадници граѓани вчера излегоа на улиците на Турција за да изразат протест поради тесната победа на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Референдумот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари