72. Генерално собрание на ОН

Јеремиќ: Заев беше најзабележан поради спорот на Македонија со Грција

Светот повеќе зборуваше за Иран и Северна Кореја, а настапите на лидерите од Западен Балкан не беа премногу забележани, со исклучок на македонскиот премиер Зоран Заев, кој условно речено беше еден вид ѕвезда, бидејќи имаше голем интерес за Македонија и решавање на проблемите со Грција

Светот повеќе зборуваше за Иран и Северна Кореја, а настапите на лидерите од Западен Балкан не беа премногу забележани, со исклучок на македонскиот премиер Зоран Заев, кој условно речено беше еден вид ѕвезда, бидејќи имаше голем интерес за Македонија и решавање на проблемите со Грција, како и за перспективите на таа земја и регионот, изјави поранешниот претседател на Генералното собрание на ОН, Вук Јеремиќ за телевизијата N1, кој во Њујорк ја следеше седницата на тоа тело.

Според него, „косовската делегација била поактивна од српската, бидејќи остварила најмалку 25 средби и се претпоставува дека лобирала за независност и членство во УНЕСКО".

- Се плашам дека приштинската страна била многу поактивна. Имав состаноци со триесетина министри за надворешни работи, шефови на држави и влади, а само еден или двајца од нив не се сретнале со косовската делегација. Доколку Србија немала средби на некое друго место, надвор од зградата на ОН, тогаш сметам дека овој пат тие вложиле многу повеќе енергија од нас, истакна Јеремиќ во интервју за N1.

Коментирајќи го повикот кој српскиот претседател Александар Вучиќ му го упатил на американскиот колега Доналд Трамп за да ја посети Србија, Јеремиќ нагласи дека е подготвен за голем облог дека тоа нема да се случи.

- Би сакал да не сум во право, бидејќи добро е претседателот на САД да ја посети Србија, но сум многу резервиран, смета поранешниот шеф на српската дипломатија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари