Морничава порака на џихадистите

Исламската држава повикува на терористички напади во Албанија

Исламската држава преку своите комуникациски канали ги повика своите поддржувачи во Албанија да организираат терористички напади за време на предстојните Божиќни и новогодишни празници.

„Имаш доволно време да набавиш возило и да прегазиш луѓе во маса, да купиш нож и да нападнеш, или пак да ја наполниш твојата пушка со муниција", повикуваат џихадистите на Исламската држава.

„И ако твојата душа не може да ги прифати, влези во масата на народ и викни - Алах е најголем", стои во повикот на Исламската држава на албански јазик, пренесуваат косовските медиуми.

На таканаречените „осамени волци", односно поединци кои што во многу случаеви и не се знае дека се поддржувачи на Исламската држава и делуваат независно, од ИСИС претходно им порачаа да ги ангажираат мигрантите и да извршат напади во Рим и Ватикан.

Неодамна, поради опасноста од терористички напади, косовската влада изготви документ наречен „Државна стратегија против тероризмот и акциски план 2018-2022" кој што предвидува мерки за борба против тероризмот и повратниците - џихадисти кои што се бореле на страната на Исламската држава.

Тоа што загрижува е дека во извештајот е наведено дека постоеле „јавни повици за изведување на терористички напади на Косово, но и во регионот". Тероризмот е „една од најголемите закани по националната безбедност", стои во документот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари