Илир Мета: Бугарското претседателство со Советот на ЕУ ќе помогне за напредок на нашиот регион

Бугарското претседателство со Советот на ЕУ во голема мера ќе придонесе за напредокот на нашиот регион. Ова го изјави албанскиот претседател, Илир Мета, кој престојува во Бугарија, по состанокот со бугарскиот заменик-претседател, Илијана Јотова.

„За мене беше вистинско задоволство да се сретнам со потпретседателот на Бугарија бидејќи Бугарија за нас е традиционално пријателска земја и ова пријателство е докажано низ годините. Ние сме многу среќни што токму Бугарија следната година ќе го преземе претседавањето со ЕУ. Тоа е исклучително важно како за Албанија така и за Балканот како целина бидејќи сметаме дека Бугарија како членка на ЕУ и како земја од регионот којашто ги познава животот и проблематиката во нашите земји би помогнала за напредокот на нашиот регион“, рече Мет .

Мета го искоментира и неодамна усвоениот закон што се однесуваше на правата на малцинствата во Албанија.

„Во овој закон е вклучено и бугарското малцинство, за што стравуваше бугарската страна. Тоа е закон кој покажува дека Албанија е една толерантна и отворена земја, којашто работи за рамноправност на своите граѓани и сметаме дека ова е чекор напред кон утврдувањето на правната држава во Албанија“, изјави албанскиот претседател.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари