Харадинај: Убиството на Ивановиќ е изолиран случај, но тоа не значи дека нема ризик од терористички напад

Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, го осуди убиството на претседателот на Граѓанската иницијатива СДП, Оливер Ивановиќ, што се случи денеска во Косово.

Харадинај, по состанокот на Националниот совет за безбедност на кој, како што рекол, фокусот бил ставен на убиството на Ивановиќ, го осудил секој обид ова злосторство да се искористи во политички цели. Според него, постојат такви тенденции.

Харадинај рекол дека ова е изолиран случај и дека ситуацијата на Косово е стабилна.

„Тоа не значи дека не постои ризик од можни терористички напади“, рекол тој.

Директорот на полицијата на Косово, Шпенд Маџуни, рекол дека е формирана специјална единица за истрага на убиството.

Обдукцијата покажа дека Ивановиќ бил застрелан со шест куршуми од пиштол М70А, познат како „долга деветка“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари