Грција, без образложение, итно ги повлекла авионите за гаснење пожари од Албанија

Началникот на Генералштабот на грчката армија наредил итно повлекување на авионите за гаснење пожари од југот на Албанија, јави дописникот на МИА.

- Со итна наредба на Началникот на грчката армија, без никакво образолежение, авионите „Канадер" веднаш го напуштија албанскиот воздушен простор, оставајќи го својот сосед во миг кога му е најпотребна помош, поради големиот број пожари, пренесува тиранската телевизија Топ чанел.

Според извори на Дирекцијата на пожарникари од Атина, на кои се повикува телевизијата, наредбата била дадена во 12:45 часот според локално време, по што веднаш двата авиона се повлекле од акциите за гаснење на пожари во јужниот дел на Албанија и заминале во нивната база во Елефсина, кај Атина.

Истите извори немаат образложение зошто е издадена таква наредба ,кога „во Грција состојбата со пожарите била помирна за разлика од Албанија каде оваа појава достигнува кулминација".

Со повлекувањето на грчките авиони, состојбата со пожарите во јужниот дел на Албанија ќе се влоши, оценува телевизијата и потсетува дека само пред некој ден, шефот на дипломатијата Дитмир Бушати искажал голема благодарност до Грција за помошта дадена во гаснењето на пожарите

Најнови вести

Коментари