ПО БОМБИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА И ФРАНЦИЈА

Грчка терористичка група се заканува: „Нема да престанеме да ги напаѓаме европските угнетувачи“

Властите и финансиските институции низ Европа се во тревога поради стравот од заканите на грчката терористичка група која испрати писма-бомби во седиштето на ММФ и германското министерство за финансии, пишува Индипендент

Групата Заговорот на огнените јадра (ЦЦФ) се заколна дека ќе ги прошири нападите против „угнетувачите" откако ја презема одговорноста за експлозивната пратка испратена во германското министерство за финансии.

Следниот ден екслодираше писмо-бомба кое го отвори секретарка во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Париз. Експлозијата ѝ ги изгоре лицето и рацете.

Службеник на грчкото министерство за јавна безбедност изјави дека истрагата мора да ја преземат експерти за тероризам. Се плашат дека ова може да биде повторување на нападите на групата ЦЦФ низ Европа од пред 7 години.

„Многу е веројатно дека пратките ги испратила истата организација", вели службеникот и додава дека најверојатно ќе има нови писма-бомби.

Грчката полиција се обидува да го спречи испраќањето на овие пратки од државата и истражува како можеле да ја минат проверката на обезбедувањето на аеродромите.

Пред 7 години ЦЦФ им испрати експлозивни направи на Ангела Меркел, Силвио Берлускони, Никола Саркози, Јуропол и меѓународни амбасади.

Тогаш беа уапсени неколку анархисти, но групата објави соопштение во кое ги исмеа тврдењата на полицијата дека ја „демонтирале".

Во четвртокот на интернет беше објавена порака во која се вели дека „браќата" од групата ќе ја продолжат својата насилна борба.

„За секој брат во затвор, нови браќа се спремни да ги преземат нивните места и да го продолжат патот на нападите. Да живее анархијата", пишуваше во пораката. „Му испративме бомба на германскиот министер за финансии како дел од втората фаза од проектот „Непријател". Очекувајте нови напади".

Поврзани

Најнови вести

Коментари