(Видео)

Голема Југословенска тајна: Во 1990 Европа нудеше милијарди, нашите ја одбија и започнаа војна!

Европската Заедница е подготвена во истиов момент со политичка одлука да го признае придружното членство на Југославија во ЕЗ, за што е подготвена програма за помош од 5,5 милиарди долари кои ќе послужат како финансиска инекција...

Крај на 1990 година. Од една страна на масата европска тројка, која тогаш ја сочинуваа Жак Пос, Ханс ван ден Брук и Жак Делор, а од другата страна нашите шест шефови претседатели на идните банана – државички.

Тие на нашите им нудат моментално приклучување за членство во Европската заедница и 5,5 милијарди долари моментална инекција, сакаат да не поткупат за да бидеме разумни и да направиме она што за нас е добро. Но нашите имаат подобра идеа: да бидат пополни кре**ни.

Европската тројка – тогаш составена од луксембуршкиот шеф на дипломатија Жак Пос како претседавач на Советот на министри на Европската заедница, потоа следен на таа функција, негов холандски колега Ханс ван ден Брук, и претседателот на ЕК Жак Делор – дошле на крајот на 1990 година во Југославија со цел да ни изнесат "непристоен" предлог кој ни најголем глупак не би можел да го одбие.

Пос му дал збор на Делор, како автор на планот и предлогот на Европската заедница, за да објасни што тие се подготвени да направат и да дадат, само ако се согласиме и останеме во некоја форма на заедница, како Југославија.

Делор вели: ЕЗ е подготвена во истиов момент со политичка одлука да го признае придружното членство на Југославија во ЕЗ. Второ, подготвена е програма од 5,5 милијарди долари кои ќе послужат како финансиска инекција за успешно продолжување на програмата на владата на Анте Марковиќ... потоа изнел уште десетина точки со понуда, "се на се многу поволно".

Сето тоа многу години подоцна – во едно интервју кој релевантен инсерт можете да го погледате на крај на текстот – го открива Киро Глигоров, покоен претседател на Македонија, кој на состанокот присуствувал како претставник од Македонија.

Последиците од она што после тоа се случи, на сите ни се познати до денешен ден: од Словенија (која и денеска да останеше во состав на Југославија веројатно ќе и беше подобро отколку што и е сега) до Македонија (на која ќе и беше многу подобро отколку што и е сега): за Хрватска, БиХ и Србија во кои се водеше војна, вршеа злосторства и етничко чистење, им се случуваше огромни разурнувања...

Имено, сите републички претседатели долго молчеле, а потоа еден по еден почнале да ја отфрлаат оваа понуда.

Туџман рекол дека тој за никакви милијарди неможе да отстапи од идеата со која моментално се храни цел хрватски народ, дека тие после илјада години ја обноваат хрватската држава.

Милошевиќ рекол дека тој сака или целосна и цврста федерација или ништо (не се знае кој од овие двајца бил поголем будала, и кој од нив двајца бил во контакт со реалноста, животот, светот и времето во кое живееме).

Изетбеговиќ, прилично умерено, вели дека тие и без Белград и без Загреб неможат, бидејќи во БиХ живеат три народи, дека тие би сакале да останат во посебен ентитет, ако може да се најде некое решение за соработка. Останатите ништо не рекле.

Тројката после консултациите, почнала да води едночасовни разговори со секој претседател поединечно, а сето тоа траело доста долго, но пратениците од Брисел на крај заклучиле дека согласност нема, изјавувајќи дека жалат поради нашето одбивање.

"Што ќе се случува понатаму, ќе видиме".

И видовме.

Штета е само што тогаш сите детали за таа понуда не се пренесени на граѓаните и што народот не го прашале за мислење. Мнозинство од граѓаните на секоја република тогаш сакаше Југославија да опстане, а за војна се надеваа само шест фанатици кои успешно ја изманипулираа масата и ги искористија околностите да посеат семе на раздор, омраза на кои и ден-денес се јава.

Поврзани

Најнови вести

Коментари