ЕУ отвора уште две поглавја во преговорите со Србија

Постојаните претставници на земјите членки на ЕУ донеле одлука на меѓувладината конференција со Србија да ги отворат поглавјето 6, кое се однесува на правата на претпријатијата, и поглавјето 30 за економските односи со странство.

Конференцијата е закажана за 11 декември, а официјален Белград се надеваше дека ќе отвори три поглавја, но одлуката на земјите членки зависеше од извештајот на Европската комисија за напредокот на Србија во најважните поглавја, 23 и 24. Европската комисија оценила дека постои недоволен напредок во имплементацијата на Акциониот план за поглавјата 23 и 24, поради што земјите членки оцениле дека Србија не може да отвори повеќе од две поглавја во оваа рунда преговори.

Србија официјално ги почна преговорите за влез во ЕУ во јануари 2014 година.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари